АКТУЕЛНО ВО АКАДЕМИК: Конференција за управување со правни ризици и најновото од издаваштвото на Академик
Искористете ја единствената можност да бидете дел од Конференцијата која претставува предизвик за секој правник затоа што нуди ексклузивна шанса да го чуете искуството на најистакнатите имиња од правната област. Воедно, со нашата правна литература ги правиме достапни одговорите на правните прашања од различни области, со што се стремиме кон остварување на нашата единствена цел – да го олесниме вашето секојдневно работење.
Академик, следејќи ги актуелните светски правни трендови, во својата работа и понатаму останува посветен на нивна промоција пред македонската стручна јавност. Меѓународната конференција „Управување со правни ризици: Правни трендови” – Skopje Legal Risk Management: Legal Trends“, која ќе се одржи на 18 и 19 октомври, е само една од активностите преку кои Академик сака да ги доближи светските трендови до вас.
Од страна на предавачите на Конференцијата, чии имиња веќе се објавени, ќе бидат обработени повеќе актуелни теми кои зафаќаат дел од секојдневното работење на еден современ правник. Улогата на човечкиот фактор во процесот на усогласувањето на работењето со етичките и со законските норми, безбедноста на податоците и правната форензика, идентификувањето на најдобрите таленти и нивно ангажирање во најзначајните правни процеси, управувањето со таленти, се дел од прашањата кои ќе бидат разгледани. Би сакале да ве известиме дека наскоро истекува промотивниот период во кој нудиме специјален летен попуст за рано пријавување за овогодишната конференција.
Исто така, Академик во овој период се фокусира и на креирање на посебни пакети за печатените изданија. Во пресрет на најновото печатено издание: „Законот за извршување со коментар”, од проф. д-р Кирил Чавдар, кој исто така ќе се јави како предавач и ќе има воведен збор на Конференцијата, ви нудиме поволности со цел да ги збогатиме вашите полици со дела од нашата правна литература. Академик секогаш нуди печатени изданија со кои се разработуваат различни теми од областа на правото.
Искористете ја единствената можност да бидете дел од Конференцијата која претставува предизвик за секој правник затоа што нуди ексклузивна шанса да го чуете искуството на најистакнатите имиња од правната област. Воедно, со нашата правна литература ги правиме достапни одговорите на правните прашања од различни области, со што се стремиме кон остварување на нашата единствена цел – да го олесниме вашето секојдневно работење.
За сите дополнителни прашања во врска со Меѓународната конференција за управување со правни ризици: правни трендови, како и за сите прашања поврзани со литературата што ја нудиме, обратете ни се на practicum@akademik.com.mk, односно на телефонските броеви 02/3232-821 или 02/3237-465, а ние ќе ви ги дадеме бараните информации.