Aлфа ТВ: Босна отвора нова истрага за авионската несреќа на Борис Трајковски
Вторник, 6 номеври 2012 – Босанските власти донеле одлука за отворање нова истрага за авионската несреќа во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски, објавува телевизијата Алфа.
Од надлежното министерство за Алфа ТВ ја потврдиле информацијата дека се пронајдени доволно нови докази кои фрлаат нова светлина за причините за падот на Кингерот.
Министерката за внатрешни работи на РМ, Гордана Јанкуловска во изјава дадена за медиумите неодамна, рече дека доказите и податоците кои стојат во последниот извештај за смртта на поранешниот претседател Трајковски фрлаат ново светло на настаните, нешто што во рамките на досегашната истрага не било земено во предвид. Сепак, Јанкуловска побара трпение додека се чека конкретниот исход од анализата на тие податоци, а оцени дека за нова истрага одговорот кој доаѓа од босанските власти во последните неколку месеци е различен и попозитивен во однос на сите претходни.