/ Прочитано:

1.091

Алис Проа, кандидатка за судија на Француската правосудна академија, на стаж во Академијата за судии и јавни обвинители

Од 3 февруари до 22 февруари 2019 година, Алис Проа, кандидатка за судија на Државната правосудна академија во Бордо, Република Франција, ќе го реализира својот потребен стаж во Република Македонија, во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Стажирањето во надворешни странски судски институции е пракса на Државната правосудна академија на Република Франција, а целта е кандидатот да се запознае со правните системи на другите земји.

„Во таа насока, Академијата подготви посебна агенда адаптирана на интересите и правните области кои се значајни за Алис Проа, во чии рамки се предвидени низа посети на релевантни правосудни институции, каде што ќе може да се запознае подетално со нивната организациска поставеност и секојдневната работа, при што ќе има можност и преку поединечни средби да размени искуства со судиите и јавните обвинители од Република Македонија, како и со претставниците на другите релевантни институции во Република Македонија.

Алис Проа своето стажирање ќе го започне во Академијата за судии и јавни обвинители, каде што ќе оствари и работна средба со директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, како и со дел од вработените, при што ќе има можност да се запознае со работата на Академијата, со нејзината организациска структура, како и со нејзината улога во правосудниот систем на Република Македонија“, велат од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Понатаму, Алис Проа ќе оствари низа работни средби и состаноци во Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Врховниот суд на Република Македонија, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство Скопје, Апелациониот суд Скопје, Основниот суд Скопје 1, Основниот суд Скопје 2, Министерството за правда на Република Македонија, Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, а ќе присуствува и на тркалезната маса на тема „Промоција на пробациската служба и придобивките од извршувањето на алтернативните санкции“ во соработка со твининг-проектот „Зајакнување на казнено-поправните установи и пробациската служба“.

Претставници на Заедничката истражувачка мисија на Француската амбасада во Академијата за судии и јавни обвинители

Презентиран извештајот за успешната соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и француската Национална академија за правосудство

Орден „Витез на Националниот ред за заслуги“ за Анета Арнаудовска

Успешна соработка на Академијата „Павел Шатев“ и Француската амбасада во Република Македонија

Марго Буисон, кандидатка за судија на Француската правосудна академија, на стаж во Академијата за судии и јавни обвинители

ЗА КВАЛИТЕТНО ПРАВНО ОБРАЗОВАНИЕ КЛУЧНИ СЕ ПРАВНАТА ЛОГИКА И ПРАВНАТА ПРАКТИКА: Интервју со Емили Петровски, Македонка во француската правосудна академија

Интервју со Светлана Зашова, првата Македонка во Француската правосудна академија

М.В