/ Прочитано:

3.239

АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ: За медијацијата клучна е довербата

Институтот за европска политика денеска организираше дискусија на тема подобрување на законската рамка за алтернативно решавање спорови и овозможување на правна и институционална соработка со судскиот систем и со системот на извршување.

akad 2

На денешниот настан беше истакнато дека главната цел на процесот на медијација е изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за правен спор или за друг вид на несогласување помеѓу две или повеќе лица или компании.

Медијацијата е доброволна, брза и економична постапка, применлива во мноштво спорови, како што се: имотноправните, семејните, работните, трговските, потрошувачките, осигурителните спорови, споровите од областа на образованието, заштитата на животната средина, потоа споровите во врска со дискриминацијата и во други спорни односи.

На медијацијата како начин за алтернативно решавање спорови, беше истакнато на денешниот настан, неопходна ѝ е засилена промоција. Покрај промоцијата, за медијацијата е неопходна и засилена едукација, но и измени на законската регулатива од областите на граѓанското процесно право и семејното право. Судиите кои ја промовирале медијацијата по отпочната судска постапка, беше потенцирано на настанот, потребно е да добијат повисоки оценки за нивниот квалитет.

???

Исто така, потребни се измени на законската регулатива од областите на граѓанското процесно право и семејното право, воведување на медијацијата во сите учебници за граѓанското општество, како и засилена меѓународна соработка и размена на искуства и мислења во согласност со глобалните правни трендови во правото и во бизнис-светот.

„Многу е важно да се следат светските трендови во однос на медијацијата и, во таа насока, да се разгледаат можностите од комбинирани форми на медијација – арбитража, со цел на страните да им се овозможи комбинирано користење на двете постапки во интерес на ефикасно, економично и брзо решавање на спорот“, истакна м-р Илија Манасиев.

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ д-р Арсен Јаневски подвлече дека за медијацијата клучна е довербата. Оттука, истакна професорот, од големо значење е која личност ќе биде определена за лиценциран медијатор како лице кое правилно ќе ги насочува страните во спорот кон постигнување на заемна спогодба.

Адвокати менаџмент

Во Законот за медијација се пропишува дека постапката на медијација се спроведува врз основа на стриктна писмена согласност на страните, освен во спорните односи каде што со посебен закон започнувањето на постапка на медијација е предвидена како услов за водење на судска или друга постапка.

Страните во меѓусебниот облигационен договор можат да внесат одредби со кои, во случај на спор, се обврзуваат да се обидат да го решат спорниот однос по пат на непосредно преговарање или медијација пред започнувањето на судската или друга постапка за правна заштита.

Задолжителниот обид за медијација е предвиден во последните законски измени во Законот за парничната постапка од 23.7.2015 година, кои започнаа да се применуваат од февруари 2016 година и според кои фирмите, пред поднесување на тужба на суд за стопански спор, треба да се обратат кај медијатор кој ќе се обиде да го реши спорот на мирен начин и со помалку трошоци.

Така, според измените, во стопанските спорови за парично побарување чијашто вредност не надминува 1.000.000,00 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесувањето на тужбата,  да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. Ова не важи за постапките по платен налог пред нотарите.

адвокат со клиент

При поднесувањето на тужбата тужителот е должен да приложи писмен доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која нема да биде приложен доказот од медијаторот, дека предметот не може да се реши по пат на медијација, судот ќе ја отфрли. Покрај задолжителната, компаниите можат да ја користат и доброволната медијација во нивните договорни односи.

М.В / veljanoskim@akademik.mk