Алумни на „Јустинијан Први“: Поранешните студенти да се регистрираат во базата на податоци
Правниот факултет „Јустинијан Први“ објавува база на податоци за алумните на Факултетот, кои треба да пополнат онлајн прашалник.
„Прашалникот има цел да обезбеди база на податоци за алумните (дипломци, магистри, доктори на науки) на Правниот факултет ‘Јустинијан Први’ – Скопје, при Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј“.
Прашалникот е наменет за сите поранешни студенти на сите студии (правни студии, студии по новинарство, политички студии на македонски јазик, политички студии на англиски јазик, студии по односи со јавноста).
Податоците што се обезбедуваат се наменети за потребите на Факултетот со цел да може да воспостави и да одржува комуникација со поранешните студенти, како и соодветно да ги вклучи во активностите на Факултетот. Со ваша согласност податоците може да бидат споделени и со другите алумни на Факултетот“, велат од Правниот факултет „Јустинијан Први“.
М.В