/ Прочитано:

1.196

Амбасадор да може да биде и лице кое има и државјанство на друга  држава – предложени измени на ЗНР

Група пратеници по скратена постапка предлагаат измени на Законот за надворешни работи. Во членот 36 на овој закон се уредени условите и постапката за именување на амбасадори на Република Северна Македонија. Со овој член е предвидено лицето кое треба да е именувано за амбасадор да биде државјанин само на Република Северна Македонија.

„Од причина што сметаме дека овој услов го ограничува уставното право на секој граѓанин да учествува во вршењето на јавни функции, ја предлагаме соодветната измена  во  членот 36 став 1 во алинејата 1 со која како услов за именување на амбасадор на Република Северна Македонија може да биде државјанин само на Република Северна Македонија“, сметаат пратениците.

„Со член 1 се предвидува измена на членот 36 став 1 алинеја 1 во која е предвиден услов за именување на амбасадор да може да биде државјанин на Република Северна Македонија.

Со  предложената  одредба  се  дава   можност   за   амбасадор  да  биде именувано лице кое согласно со  закон  има  и  државјанство  на  друга  држава и  притоа   со  новиот  став  3 се   ограничува  правото  да  биде  именуван  за амбасадор во држава за која лицето има државјанство“, се образложува во предложените законски измени.

М.В