/ Прочитано:

900

Aмериканската унија за граѓански слободи ја тужи Владата на САД за надзорот на електронските комуникации

Среда, 12 јули 2013 – Aмериканската унија за граѓански слободи  ја тужи Владата на САД за надзорот на телефонските повици, меилови и другите електронски комуникации на милиони американци и луѓе во цел свет бидејќи според нив на овој начин се прекршуваат правата на слободен говор и приватноста.

Во тужбата се бара од Владата да ја укине програма бидејќи истата се коси со првиот амандман кој го гарантира правото на слободен говор и четвртиот кој ја штити приватноста.

Тужбата уследи по неодамнешното тврдење на поранешниот вработен во Национална агенција за безбедност Едвард Сноуден дека се собирани податоци за телефонските повици и интернет податоците од компании како Веризон, Гугл и Фејсбук.

Американските претставници од секторот на разузнувањето вчера го информираа Конгресот за надзорот, нарекувајќи го неопходност за заштита на Американцитекое не го повредува правото на приватност.