/ Прочитано:

942

Американските медиуми: Убиен „осомничениот број 1“ за бомбашките напади во Бостон

Петок, 19 април 2013 – Во драматичната акција на бостонската полиција, убиен е еден осомничените за експлозиите на маратонот во Бостон, соопштуваат американските медиуми. Тој бил застрелан во престрелката со полицијата во местото Ватертаун по што им подлегна на повредите, а другиот осомничен успел да побегне и во тек е потрагата по него. 

Како што пишуваат тамошните медиуми, најпрвин полицијата тргнала во апсење на маж на возраст од околу 20 годиниво во бостонското предградие Вотертаун, осомничен за убиство на полицаец кој бил ангажиран на обезбедување на комплексот на Масачусетски технолошки институт – MIT.  Неколку часа подоцна осомничениот е откриен на околу два километра оддалеченост од местото на инцидентот. Според американските медиуми, станува збор за еден од двајца мажи кои биле барани под сомнение дека се извршители на терористичкиот напад од понеделникот за време на Бостонскиот маратон во кој загинаа три лица а 183 беа ранети.

„Осомничениот број два“ на снимките што ги лиферуваше во јавноста американското истражно биро FBI, носи бејзбол капа свртена наопаку со стреата кон тилот. Според телевизијата, ова лице најверојатно се наоѓа во една од зградите во квартот Вотертаун, опкружен од полицијата.

Aмериканската полиција соопшти дека  на жителите им е препорачано да не се доближуваат до прозорците и да не отвораат никому. ФБИ синоќа објави фотографии и видео снимки од двајца осомничени за подметнувањето бомби на Бостонскиот маратон, наведувајки дека се вооружени и опасни. Властите соопштија дека двајцата осомничени одвоено биле забележани на местата каде што експлодира поставениот експлозив. 

Претседателот на градскиот совет на Бостон, Стивен Марфи, истакна дека еден маж бил забележан како остава пакет на една од локациите. Според Марфи, детективите го забележале осомниченото лице при прегледување на снимките од безбедносните камери во блиската продавница. Тој, сепак, не можеше да потврди дали ФБИ и детективите успеале да идентификуваат некој од напаѓачите.

Во нападите што се случија во понеделникот за време на Бостонскиот маратон беа убиени три лица, меѓу кои и осумгодишно момче и студентка од Кина, а над 180 беа ранети.

Во меѓувреме се испитува и инцидентот во кој писмо со отровот рицин беше испратено до американскиот претседател Барак Обама. Претходно, такво писмо беше испратено и до еден републикански сенатор. ФБИ соопшти дека уапсило едно лице, поврзано со испраќањето на писмата, но дека нема докази оти тоа е поврзано со нападите од Бостон