„Транспаренси интернешнл“: Германија и Австралија најсилни, Блискиот Исток најслаб во борбата против корупцијата во сферата на одбраната
Вторник, 29 јануари 2013 – 70 % од владите на 82 земји вклучени во истражувањето на „Транспаренси итнернешнл“ немаат адекватна заштита против корупцијата во сферата на одбраната. Германија и Австралија се единстените земји кои имаат силни антикорупциски механизми.
Според годинешното истражување на британската организација „Транспаренси интнернешнл“ две третини од владите на 82 земји имаат слаба антикорупциска одбрана. Според индексот на организацијата Германија и Австралија се единствени кои имаат силни антикорупциски механизми. Франција, Италија, Аргентина, Бразил, Јапонија и Бугарија се меѓу земјите со умерен корупциски ризик.
57 земји односно 70% од сите вклучени земји имаат слаба антикорупциска контрола, стои во извештајот во кој е оценета работата на владите во однос на одбраната од корупција.
82-те земји покриваат 94% од глобалните воени трошоци за 2011 година, кои пак изнесуваат околу 1,6 милијарди долари. Корупцијата во одбраната глобално се проценува на најмалку 20 милијади долари годишно. Земјите кои имаат слаба антикорупциска контрола се најголемите увозници и извозници на оружје, стои во извештајот на истражувањето.
Кина, Русија и Израел се сметаат за земји со висок степен на ризик од корупција во нивните одбранбени сектори, а важат за најголеми извозници на оружје. Индија, Обединетите Арапски Емирати, Сингапур, Турција и Тајланд пак се најголеми увозници, а исто така се земји со висок степен на корумпираност.
Во 9 земји, меѓу кои се Либија, Сирија, Јемен, Египет и Конго, нивото на ризикот е на критично ниво, а со многу висок ризик се оценуваат државите како Авганистан, Саудиска Арабија и Катар.
Само 15 % од земјите поседуваат политичка контрола на одбранбената политика која е сеопфатна, одговорна и ефикасна. Во 45 % од нив немаат никаков надзор на одбранбената политика.