/ Прочитано:

767

Анализа на „Фајнанс тинк“ – Колку ковид-19 ќе ја зголеми сиромаштијата?

Анализата покажува дека ковид-19 има моќ да втурне дополнителни 25 илјади лица во релативна сиромаштија, додека ефектот врз апсолутната сиромаштија (5.5 УСД на ден) е поголем и е проценет на дополнителни 100 илјади лица втурнати под овој праг.

„Ваквиот ефект живописно се согледа низ приказните од лицата кои искусиле пад или губење на доходот поради ковид-19. Ефектот од мерката ‘олеснети услови за ГМП’ е проценет за позитивен во делот на намалување на апсолутната сиромаштија (1.9 УСД на ден), со моќ да извлече околу 24 илјади лица од екстремна сиромаштија. Но, ова е теоретскиот потенцијал на мерката, којшто во реалноста е искористен најмногу до 65% и потребна е ургентна акција од властите за искористување на нејзиниот потенцијал. Една од главните причини за подискористениот потенцијал на оваа мерка е недоволната информираност на населението, прво општо за мерката ГМП, а уште помалку за олеснетите услови за влез во системот. Тоа е заклучено и низ дискусиите со учесниците во фокус-групите, кои најчесто ГМП го поистоветуваа со еднократната помош што Владата им ја додели во форма на картички за купување домашни производи и/или за туризам. Имајќи ја предвид моќта на олеснетите услови за ГМП да искоренат една четвртина од екстремната сиромаштија, што е добар резултат воопшто, а особено во услови на ковид-19 криза, како и фактот дека потенцијалниот трошок за мерката од 7,5 милиони евра е помалку од една десеттина од трошокот на Владата за, на пример, мерката ‘14.500 денари по работник’, неопходно е да се размисли за понатамошно олеснување на условите за стекнување право на ГМП“, се посочува во анализата, која во целост може да се преземе на следниот линк.

М.В