/ Прочитано:

1.961

Анализа на фактурираните часови во адвокатурата

Дефинирањето на фактурираните часови и методот на нивна пресметка е објаснет во извештајот „2001 – 2002” на Адвокатската комора на САД. Таму се вели дека повеќето адвокатски фирми ги наплаќаат услугите врз основа на бројот на часови посветени на работа врз предметот на одреден клиент помножено со стапката на стандардна наплата за адвокатите и приправниците во таа адвокатска канцеларија. Таа стандардна наплата се разликува од држава во држава во САД, од видот на предметот и од тоа за каков клиент станува збор – дали се работи за физичко или правно лице, голема корпорација или државна институција.  Средниот просек пресметан во февруари оваа година изнесувал од 150 долари како најниска сума до 1000-1500 долари како просечна сума за час.

Часовник

Фактурираните часови на работа врз некој предмет се однесуваат на ефективното време во часови потрошено за давање правна услуга на некој клиент и адвокатските канцеларии во САД најчесто го користат тој начин на наплата на услугите.

За овој начин на работа може да се каже дека е вечна тема на дискусија на правниците во САД, а особено помеѓу финансиските аналитичари. Така, гледиштето за оваа дискусија е поделено на два блока – „за“ и „против“, т.е. една страна која го поддржува овој начин на наплата и друга страна која вели дека начинот на наплата е променлив.

Дефинирањето на фактурираните часови и методот на нивна пресметка е објаснет во извештајот „2001 – 2002” на Адвокатската комора на САД. Таму се вели дека повеќето адвокатски фирми ги наплаќаат услугите врз основа на бројот на часови посветени на работа врз предметот на одреден клиент помножено со стапката на стандардна наплата за адвокатите и приправниците во таа адвокатска канцеларија. Таа стандардна наплата се разликува од држава во држава во САД, од видот на предметот и од тоа за каков клиент станува збор – дали се работи за физичко или правно лице, голема корпорација или државна институција.  Средниот просек пресметан во февруари оваа година изнесувал од 150 долари како најниска сума до 1000-1500 долари како просечна сума за час.

Потеклото на овие часови на ефективна работа во адвокатурата датира од 60-те години на 20 век кога строго се пресметувало времето поминато во работа на некој предмет. Тогаш адвокатите воделе картотеки кои им служеле како евиденција за тоа колку точно месечно потрошиле работно време со своите клиенти и врз основа на тие картотеки ги наплаќале своите услуги. И тогаш адвокатите ангажирале консултанти кои мудро ги советувале адвокатите да ги чуваат тие податоци за да имаат точна прегледност и ефикасна наплата на услугите за клиентите, а тој тренд продолжил и до денес.

Така денес, адвокатите во САД го користат времето, т.е. часовите како почетна точка во одредување на сумата која треба да ја наплатат од клиентот.

Откако овој концепт бил масовно прифатен, адвокатските канцеларии постојано се обидувале да го зголемат својот профит. Овој метод, секако, има свои позитивни и негативни страни.

Позитивните страни на овој метод на наплата се едноставното пресметување на продуктивноста на канцеларијата, потоа тоа што адвокатите ја наплатуваат услугата без разлика на исходот и тоа што овој метод на наплата им дава поголема слобода на адвокатите во пресметувањето на работните часови, а пак негативните страни се тоа што се наградуваат и неефикасните адвокати, тоа што клиентите тешко можат да пресметаат колку ќе ги чини адвокатската услуга, тоа што не се прави разлика дали е успешно или неуспешно завршена работата и тоа што се создава стрес и збрка во работата на адвокатите.

Многу адвокатски фирми ги разбираат и предностите и недостатоците на овој начин на наплата. Според статијата „Анатомијата на фактурираните часови“ на веб-страницата www.legaltrek.com, се издвојуваат неколку адвокатски фирми од САД кои го презентираат своето искуство при работењето со овој метод.

„Фридриксон и Бајрон“ Основана во Минеаполис во 1948 година, канцеларијата моментално има 270 адвокати кои работат на 30 области од правото. Нивната филозофија на работа е дека еден предмет може да се работи и со помал број адвокати без да се натрупуваат предметите и со остварување на директен непосреден контакт со клиентите.

„Мур и Ван Ален“ Оваа канцеларија е најголемата од југоисточниот дел на САД. Тие немаат утврдено минимален број на работни часови и нивните очекувања од работењето се предметите да се работат совесно и квалитетно, на клиентот да му се посвети максимално време, да се бараат повеќе можности за решавање на конкретниот предмет за да можат соработниците и адвокатите да бидат постојано во работна кондиција. На тој начин тие часови кои треба да ги наплати фирмата лесно ќе се пресметаат.

„Денкс, Милер, Кори и Бриџерс“ За крај на анализата ја истакнуваме оваа адвокатска канцеларија од градот Џексон во Мисисипи. Тие велат дека го нашле начинот како да ги задржат клиентите на долг период така што освен фактурата за наплата на клиентите им праќаат писмо во кое го анализираат предметот, тежината на прашањата кои биле дел од предметот и целокупната база на податоци која била користена при работење врз предметот.