/Прочитано:

1.850

Анализа на УЈП за годишните даночни пријави

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес на прес конференција посветена на Годишната даночна пријава – највисокиот доход во 2019, соопшти дека Управата за јавни приходи изготви пополнета Годишна даночна пријава, за 802.235 граѓани, со искажан 311.347.898.662,00 денари годишен бруто доход и 19.890.696.418,00 денари пресметан данок на личен доход.

„Врз основа на податоците за исплатен доход од страна на исплатувачите и за доходот кој граѓаните ги оствариле од други физички лица и од странство, како и за доходот од вршење самостојна дејност кои се оданочуваат според вистински доход и паушално, за календарската 2019 година, Управата за јавни приходи изготви пополнета Годишна даночна пријава, за 802.235 граѓани, со искажан 311.347.898.662,00 денари годишен бруто –доход и 19.890.696.418,00 денари пресметан данок на личен доход.

Од 1 јануари 2019 година, стапи на сила Законот за данокот на личен доход кој го замени Законот за персонален данок на доход и со кој во 2019 година покрај стапката од 10% беше воведена прогресивна даночна стапка од 18% која се применуваше на износот кој ја надминува годишната даночната основа од 1.080.000 денари за доходот остварен од: работа, самостојно вршење на дејност, авторски права и други стварни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи. Оттаму за 2019 година, 30.036 граѓани се оданочени со примена на прогресивната даночна стапка и за нив е утврден вкупен данок во износ од 6.631.176.822 денари од кој 1.789.823.499,00 е пресметан со примена на стапка од 18%“, се вели во анализата на УЈП.

Скопјани на листата на највисок доход од самостојното вршење на дејност

„Самостојното вршење на дејност и во 2019 најпрофитно за Скопјани, кои доминираат на листата со доход по овој основ, од кој највисокиот изнесува 44.065.522,00 денари. Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители и угостители. Земјоделието најисплатливо во Скопскиот регион, каде граѓанин од скопско остварил доход од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 32.345.815,00 денари, а Гевгеличанец остварил 11.694.817 денари доход по овој основ“, посочуваат од УЈП.

Најмлад и највозрасен милионер

„Највозрасното лице кое остварило над еден милион денари приход било на возраст од 101 година, додека во групата над 10.000.000 милиони денари највозрасниот има 86 години.Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер во 2019 година и истото остварило доход од закупнина над 1.000.000 денари“, посочуваат од УЈП.

Жителка на скопје е најсреќна во 2019

Највисоката добивка од лото, обложување, казино и учество во наградни игри, односно пријавен

вкупен бруто доход од игри на среќа е жителка на Скопје кој само по овој основ остварила 29.293.930,00 денари.

Штипјанец со највисока пензија

Прворангираниот пензинер е од Штип чија бруто пензија изнесува 8.064.865,00 денари

М.В