Анализа за заштитата на животната средина низ призмата на праксата на Европскиот суд за човекови права
Во рамки на проектот „Проект за добро управување со животната средина“, Центарот за правни истражувања и анализи ја изготви анализата „Заштитата на животната средина низ призмата на праксата на Европскиот суд за човекови права – добри и лоши практики во Република Северна Македонија“.
Анализата се состои од три дела. Првиот дел содржи резиме на принципите кои ја засноваат заштитата на животната средина, а кои произлегуваат од праксата на ЕСЧП. Вториот дел од анализата се фокусира на позитивната и негативната домашна пракса каде напорите на надлежните институции вложени во заштитата на животната средина некогаш се успешни но честопати и недоволни, некоординирани и неефикасни. Третиот дел укажува на следните чекори кои треба да бидат преземени за надминување на недостатоците и празнините кои претставуваат пречка за здрава и одржлива животна средина.
Анализата можете да ја преземете на следниот линк: