/ Прочитано:

1.293

АНЕВСКИ ПРЕСЕЧЕ: Предметите што ги бара Јанева се враќаат во надлежност на матичните обвинителства

Претходно, специјалната јавна обвинителка одговори на поканата на Советот на јавни обвинители и дојде во Советот, но не образложи пред неговите членови зошто бара да ѝ бидат предадени предметите „Маѓар телеком“, предметот за пиштолот на Зоран Верушевски и предметот за детска порнографија против синот на Верушевски.

petar-anevski-1.jpg

По месец и половина, заврши префрлувањето на предметите за кои бараше надлежност специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Советот на јавни обвинители на денешната седница одлучи негативно – предметите, наместо во рацете на Јанева, се враќаат во надлежност на матичните јавни обвинителства, Основното јавно обвинителство Скопје и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Претходно, специјалната јавна обвинителка одговори на поканата на Советот на јавни обвинители и дојде во Советот, но не образложи пред неговите членови зошто бара да ѝ бидат предадени предметите „Маѓар телеком“, предметот за пиштолот на Зоран Верушевски и предметот за детска порнографија против синот на Верушевски.

По само десетминутно задржување во Советот, Јанева даде изјава во која истакна дека се повикува на својата автономија дадена со Законот за специјално јавно обвинителство кој не ѝ налага да образложува зошто бара определен предмет.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, го оцени како целосно неприфатливо ваквото поведение на Јанева.

Тој рече дека на Јанева ѝ било предочено дека таа како јавен обвинител треба да одговара пред Советот за своето законско постапување, но Јанева била категорична дека веќе нема да доаѓа во Советот и побарала да не биде повикувана.

„Таа го омаловажува и го понижува Советот на јавни обвинители и мислам дека во иднина не знам дали и понатаму вреди таа да биде повикувана во Советот“, рече Аневски.

Откако заминала Јанева, Советот одлучувал за предметите кои ги бара Специјалното јавно обвинителство со цел да утврди дали е надлежно да постапува по нив.

„Со седум гласа за, донесени се одлуки дека за законито постапување и понатаму ќе бидат надлежни Основното јавно  обвинителство Скопје и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Значи, сите предмети кои се кај нас ќе бидат вратени на постапување на овие јавни обвинителства“, рече Аневски.

По најавите на Специјалното јавно обвинителство дека ќе започнат сопствени истраги за спорните предмети доколку не им бидат предадени, Аневски вели дека никој не го спречува СЈО да формира предмети, да продолжи постапки кои се наоѓаат во Советот, да бара отфрлени кривични пријави и запрени истраги и да ги активира.

„Но останува фактот дека таа очигледно не е надлежна да постапува по овие предмети кои ги бара и со тоа ги пречекорува законските овластувања кои ги има“, заврши Аневски.

Во понеделникот Јанева истакна дека со решение воспоставиле надлежност над предметот во јавноста познат под името „Шпион” и дека ќе побараат од Апелациониот суд Скопје да им биде доставен заради понатамошно постапување. Истиот ден, пак,  Аневски рече дека во Советот од Вишото јавно обвинителство им бил доставен и овој предмет.

Јанева, исто така, истакна дека СЈО ќе воспостави надлежност над предметот во јавноста познат како „Маџар телеком”, над предметот против Зоран Верушевски за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” од член 396 од Кривичниот законик и над предметот оформен под ко 1 бр. 55/2016 за малолетничка порнографија против Горан Верушевски.

М.С.

ЗА ПРЕДМЕТИТЕ КОИ ГИ БАРА СЈО: Советот на јавни обвинители ја повика Јанева да достави релевантни податоци за надлежноста