/ Прочитано:

1.538

Советот на јавни обвинители ја следи состојбата со кривичните пријави за СЈО

АНЕВСКИ: Советот може да постапува само по претставки за работата на обвинителите

„Ако има доставено претставка до Советот, која се однесува на работата на јавните обвинители, во тој случај може да постапуваме. Немаме други надлежности во овој случај и во овој момент ќе почекаме да се произнесат обвинителствата до кои се доставени кривичните пријави што се однесуваат на Специјалното јавно обвинителство“, вели Аневски.

petar-anevski-1.jpg

Советот на јавни обвинители засега само ја следи состојбата со кривичните пријави што се поднесени против лица од тимот на Катица Јанева. Според претседателот на Советот, Петар Аневски, Советот може да одржи седница и да ги земе предвид последните случувања во Специјалното обвинителство само доколку има добиено претставка за тие случувања.

„Ако има доставено претставка до Советот, која се однесува на работата на јавните обвинители, во тој случај може да постапуваме. Немаме други надлежности во овој случај и во овој момент ќе почекаме да се произнесат обвинителствата до кои се доставени кривичните пријави и кои работат на нив“, вели Аневски.

Тој додава дека, најверојатно, идната недела Советот на седница ќе ги разгледува изјавите на двете отстранети обвинителки, Марија Ѓоргева и Лејла Кадриу, и на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, кои ги дадоа пред Комисијата за утврдување на релевантноста на изјавите.

Како што информираа вчера, до Основното јавно обвинителство Скопје се доставени шест кривични пријави од различни физички лица кои се однесуваат на кривичното дело „Малтретирање во вршење на службата“ од членот 143.

ojo1

„Една од кривичните пријави е против три познати лица – обвинители и неколку непознати лица. Три од кривичните пријави се против неколку непознати лица. Две од кривичните пријави се против двајца обвинители и неколку непознати лица“, стоеше во одговорот на Обвинителството.

​Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пак, е поднесена една кривична пријава против едно лице, вработено во МВР, за сторено кривично дело „незаконито влијание врз сведоци“ од членот 368а.

Денеска од Обвинителство кусо одговараат дека со поднесените кривични пријави се постапува како и со сите досега примени пријави.

„Кривичните пријави се распоредени за натамошно постапување кај надлежни јавни обвинители и се очекува да се преземаат дејствија за нив со цел расветлување на настаните и утврдување на фактите во предметите“, велат од Обвинителството.

За едното дело, „Малтретирање во службата“, за кое е поднесена кривична пријава и против обвинители од тимот на Јанева, е предвидена казна затвор од шест месец до пет години доколку лице при вршење на службата малтретира друго лице, го застрашува, го навредува или воопшто спрема него постапува на начин со кој се понижува човечкото достоинство и човековата личност.

????????????????????????????????????

За делото „Незаконито влијание врз сведоци“, пак, тој што со закана дека ќе нападне врз животот или телото или имот од поголем обем, со нудење поткуп, со попречување или на друг начин влијае некое лице да се појави или да не се појави како сведок во постапка пред суд или во управна постапка, или ако е повикано како сведок да даде или да не даде исказ во определена смисла, е определена затвор од една до три години.

Според поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски, кривичните дела за кои се товарат обвинителите се однесуваат на сите службени лица и тие не се исклучени од кривичен прогон, но смета дека е најважно да се утврди фактичката состојба.

„Станува збор за кривични пријави според кои точно е наведено делото за кое се гони одредено лице. Фактичко прашање е дали е извршено кривичното дело. Фактичката состојба може да се утврди само преку темелна истрага и преку проверка на наводите и доказите во тужбата, според кои треба да се утврди дали при постапувањето на обвинителите имало објективно и реално прекршување на законите или станува збор за нешто друго“, вели Трпеновски.

Својството на јавен обвинител не му дава целосен имунитет и заштита од неправилно постапување, но за да се утврди дека навистина биле прекршени законите, треба најпрво да заврши целосната истрага поврзана со пријавите, додава Трпеновски.

Кривични пријави против обвинители од Специјалното јавно обвинителство