/ Прочитано:

1.987

Анкета на ИРИ: Граѓаните се незадоволни од локалните власти

Јан Суротчак, регионален директор на ИРИ за Европа, вели дека додека многу внимание се посветуваше на националните предизвици на Македонија, загриженоста во врска со работењето на локалните власти е јасно видлива во најновата анкета. Од испитаниците, 51 отсто изјавиле дека се донекаде или се многу незадоволни од работата на своите градоначалници, додека 47 проценти ги изразиле истите ставови и за своите општински совети. Незадоволство од локалната администрација искажале 46 отсто од испитаниците. Дури 37 проценти сметаат дека нивната општина се движи во погрешна насока, 35 проценти се неутрални, а само 23 проценти сметаат дека нивната општина се движи во вистинска насока.

Најновите резултати од анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведена преку интервјуа лице-в-лице врз репрезентативен примерок од 1.108 граѓани во периодот од 4 до 12 март годинава, покажуваат дека мнозинството македонски граѓани се загрижени во врска со работата на локалните власти.

Јан Суротчак, регионален директор на ИРИ за Европа, вели дека додека многу внимание се посветуваше на националните предизвици на Македонија, загриженоста во врска со работењето на локалните власти е јасно видлива во најновата анкета.

„Во пресрет на локалните избори, што се очекува да се одржат подоцна во текот на оваа година, политичките партии мора да најдат начин за решавање на проблемите кои се најважни за локалните гласачи“, вели Суротчак.

Од испитаниците, 51 отсто изјавиле дека се донекаде или се многу незадоволни од работата на своите градоначалници, додека 47 проценти ги изразиле истите ставови и за своите општински совети. Незадоволство од локалната администрација искажале 46 отсто од испитаниците. Дури 37 проценти сметаат дека нивната општина се движи во погрешна насока, 35 проценти се неутрални, а само 23 проценти сметаат дека нивната општина се движи во вистинска насока.

Поддршка за членство во ЕУ дале 72 проценти од испитаните, а за членството во НАТО се изјасниле 71 отсто. Сепак, 59 проценти сметаат дека во моментов Македонија е подалеку од полноправно членство во ЕУ отколку во 2005 година, кога за првпат стана кандидат.

Поддршката за членство во Европската Унија и во НАТО останува силна. 72 проценти се изјасниле за членство во Унијата, а за членство во НАТО биле 71 отсто од испитаните лица. Сепак, поддршката е малку опадната во однос на претходната национална анкета на ИРИ која беше спроведена во ноември минатата година кога дури 76 отсто од испитаниците се изјасниле за членство во Европската Унија, а 77 отсто потврдно одговориле за членство во НАТО.

Анкетата беше спроведена за Центарот за анкетни истражувања ИРИ преку „Брима“, фирма за истражување на пазарот во соработка со „Чериот ЛЛЦ“. Податоците се со маргина на грешка од плус или минус три проценти, на среден опсег на ниво на доверба од 95 проценти. Стапката на одѕив е 71 процент.

А. Б.