/ Прочитано:

927

АНТИКОРУПЦИСКА: Јавна опомена за тројца функционери поради кумулација на функции

Лицата Сања Димитриевска, Ерџан Еминоски и Хамди Саити лично од Комисијата биле известени да го отстранат судирот на интереси и повредата на членот 9 и членот 20, ставот 1 и ставот 2 од Законот за спречување на судир на интереси поради кумулацијата на функции – извршување две функции истовремено, но тие не реагирале во рокот што им го дала Комисијата.

????????????????????????????????????

Тројца функционери истовремено се јавуваат и како управители на трговски друштва, со што биле во состојба на судир на интереси, констатирала Државната комисија за спречување на корупцијата.

Лицата Сања Димитриевска, Ерџан Еминоски и Хамди Саити лично од Комисијата биле известени да го отстранат судирот на интереси и повредата на членот 9 и членот 20, ставот 1 и ставот 2 од Законот за спречување на судир на интереси поради кумулацијата на функции – извршување две функции истовремено, но тие не реагирале во рокот што им го дала Комисијата.

Поради тоа, Комисијата изрекла мерка јавна опомена за лицата:

– Сања Димитриевска, која истовремено ја извршува функцијата член на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и е независен неизвршен член на Одборот на директори во Тутунски комбинат –Прилеп;

– Ерџан Еминоски, кој истовремено со функцијата член на Советот на Општина Прилеп, на која е избран на локалните избори одржани 2013 година, ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и услуги „ИНТЕРНЕТ КАФЕ ЕЗЕЛ“, увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп и

– Хамди Саити, кој истовремено со функцијата член на Советот на Општина Тетово, на која е избран на локалните избори одржани 2013 година, ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за градежништво, проектирање, инженеринг и трговија „ОДА“ ДООЕЛ, експорт-импорт Тетово.

Во согласност со членот 25, ставот 2 од Законот за спречување на судир на интереси, мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање, велат од Антикорупциска.