Антикорупциската комисија ќе го испитува случајот со министерката за финансии
Антикорупциската комисија ќе го испитува случајот со министерката за финасии Нина Ангеловска, односно дали таа ја имала информацијата дека Народната банка ќе и ја одземе дозволата на Еуростандард банка кога ги повлекла парите од банката.
„Откако ќе бидат направени детални проверки, и тоа како прво дали има судир на интереси во случајот и како министерката во заминување ја пријавувала имотната состојба ќе ја информираме јавноста дали ќе отвориме предмет“, соопштија од ДКСК.
Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања
М.В