Антикорупциската комисија ќе ја проверува имотната состојба на судии
Преку проверка на анкетните листови за имотната состојба и изјавите за интереси, Антикорупциската комисија ќе утврдува дали постои злоупотреба и коруптивни дејствија од страна на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, поранешната членка на Судскиот совет Александра Зафировска, судијката Софија Лаличиќ, Светлана Костова од Вишиот управен суд и поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски.
„По добиени сознанијата од Извештајот на Стејт департментот за човековите права за 2018 година за РСМ за злоупотреби и коруптивни дејства на поединечно наведени судии, Комисијата заклучи да изврши проверка на податоците од анкетните листови и изјави за интереси на следните лица: Владимир Панчевски, Јово Вангеловски, Александра Зафировска, Светлана Костова и Софија Лаличиќ“, изјави на денешната седница претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
М.В