/ Прочитано:

1.287

Антикорупциската комисија отвора предмет за случајот „Матка“

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори два нови предмети по кои ќе постапува по допрен глас, и тоа за случајот со градењето платформа на Матка и за случајот кој се однесува на вработување двајца правници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на изборен процес.

За предметот отворен во врска со првиот случај Комисијата ќе бара информации и документација од Општина Сарај, а за предметот за вториот случај – од АВМУ.