Антикорупциската комисија отвори нови предмети
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по допрен глас од портпаролот на СДСМ на денешната седница отвори предмети против претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со добивањето државно земјиште за изградба на хидроцентрали и во врска со доделувањето концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроцентрали. Од Комисијата го повикаа портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, да ги достави до Комисијата сите податоци со кои располага.
Од ВМРО – ДПМНЕ денеска соопштија дека претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, стои на располагање за сите детали кои се поврзани со истрагата и ја повикаа Комисијата со истиот ентузијазам и експедитивност да ги испитаат, како што истакнаа, коруптивните дејствија на премиерот Зоран Заев и неговите соработници.
Постапки на Антикорупциската комисија за сомнителните случаи на непотизам
Антикорупциската комисија прифати повеќе приговори
Антикорупциската комисија одлучи за првите приговори за законитост на изборните кампањи
М.В