/ Прочитано:

1.053

Антикорупциската комисија отвори постапки против претседателот на Владата

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска по претставки поднесени од ВМРО – ДПМНЕ отвори постапки против премиерот Заев, против вицепремиерот Кочо Анѓушев и против министерот Дамјан Манчевски.

Постапките за премиерот се отворени за случаите „Глобал“, „Едно евро корупција“, „Бугарските фирми на Заев“ и за продажбата на земјиштето на касарната во Струмица.

Предметот за Анѓушев е во врска со давање закуп на градежно земјиште за изградба на хидроцентрала, додека пак предметот за Манчевски се однесува за поврзаност со грчки фирми.

Антикорупциската комисија во врска со набавка на возила отвори постапки и против градоначалникот на Струга Размиз Мерко и против претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Отворена е и постапка и против директорката на Хематологија, Ирена Пановска, а во врска со тендерската постапка за набавка на лекови. Комисијата отвори постапка и за случајот со парцелите кај Холидеј Ин.

Антикорупциската комисија отвори нови предмети

Постапки на Антикорупциската комисија за сомнителните случаи на непотизам

Антикорупциската комисија прифати повеќе приговори

Антикорупциската комисија одлучи за првите приговори за законитост на  изборните кампањи

М.В