Антикорупциската комисија со нови постапки и предмети
Годишниот финансиски извештај за 2018 година и Годишниот план за јавни набавки за 2019 година беа на дневен ред на денешната 17. седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Комисијата расправаше и за одлуката за прогласување на податоци за службена тајна – доверливи податоци, и го разгледа известувањето за реализација на националната стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во земјава 2019 – 2022.
Антикорупциската комисија расправаше и за предмети од областа на спречување корупција и можен судир на интереси. Комисијата донесе одлука да се поднесе прекршочна пријава против актуелната в.д. директорка на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска, бидејќи ненавремено го поднела анкетниот лист.
Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси (ДКСК) во врска со постапка за вработување ќе поведе иницијатива за покренување постапка пред Јавното обвинителство за постоење основано сомневање за злоупотреба на службената должност и овластување за службени и одговорни лица и за судијата и поранешен претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски.
Според Комисијата, внукот на Панчевски бил примен на работното место помлад судски соработник, иако воопшто не бил пријавен, односно не бил меѓу пријавените 155 кандидати. Од Комисијата посочија дека овој случај е во постапка повеќе од аспект на злоупотреба на службената положба отколку од аспект на непотизам.
Исто така, од Комисијата информираа дека ќе продолжат со испитување на кој начин се избираат канцелариските простории што треба да ги користат поранешните претседатели на државата, а се платени од буџетот.
Антикорупциската комисија отвори постапки против претседателот на Владата
Антикорупциската комисија отвори нови предмети
Постапки на Антикорупциската комисија за сомнителните случаи на непотизам
Антикорупциската комисија прифати повеќе приговори
Антикорупциската комисија одлучи за првите приговори за законитост на изборните кампањи
М.В