/ Прочитано:

4.234

Апасиев најави кривични пријави за загрозување на сигурноста

Пратеникот и претседател на партијата Левица, Димитар Апасиев, денеска во Обвинителството даваше исказ за поднесените кривични пријави за негов објавен статус на фејсбук, а во врска со ширање говор на омраза.

Пратеникот не очекува обвинение против него, бидејќи, како што нагласи, се држи до практиката на Европскиот суд за човекови права. Јас сум професор по право, нагласи Апасиев, и ги знам мерките кога се надминати.

„Во ниту еден од моите Фејсбук-статуси не постои надминување на прагот на толеранција, во согласност со судската пракса на Европскиот суд за човекови права“, додаде тој, најавувајќи кривични пријави за загрозување на сигурноста.

Апасиев очекува дека Обвинителството ќе постапи ажурно, односно со иста ажурност како што постапило за пријавите против него. Во својата изјава тој, исто така, подвлече дека е симптоматично што поканата му била доставена преку полиција, наместо, како што нагласи, преку нормални канали на комуникација. Од тие причини, тој смета дека овој случај се користи и за политички притисок.

Пратеникот најави и битка во Стразбур доколку продолжи процесот.

Д-Р ДИМИТАР АПАСИЕВ: Македонското трудово право е нетрудољубиво – ситуацијата е тешка, но не и неизлечива!

М.В