/ Прочитано:

3.299

Апасиев најави организирање на адвокати за бесплатна правна помош и битка во Стразбур во врска со пописот

Пратеникот и претседател на Левица најавува мрежа на адвокати за бесплатна правна помош во врска со пописот.

„За граѓаните нема кривична одговорност за непопишување, има предвидено прекршочна одговорност, што е понизок износ. Но, тоа се однесува доколку сте го пуштиле попишувачот. Не постои одредба која вели дека ако не го пуштите попишувачот, вие ќе бидете казнети“, истакна Апасиев во емисијата „Само вистина“.

Пред да влезе попишувачот, додаде Апасиев, граѓаните ги штити членот од Уставот кој ја гарантира неповредливоста на домот. Попишувачите не се овластени да казнуваат, тоа се постапки кои со години траат.

„Ќе организираме мрежа на адвокати – бранители кои ќе даваат бесплатна правна помош. Во историјата на Македонија не постои човек кој бил казнет за непопишување”, нагласи тој.

Во врска со тврдењето на Владата дека бојкотот на пописот претставува кривично дело „Организирање отпор“, Апасиев подвлече дека во посоченото кривично дело организирањето отпор и непослушност е кон, како што е и пропишано во Кривичниот законик,  законити одлуки и мерки на државен орган.

„Но, пописот не е тоа. Пописот е закон. Не е одлука на државен орган“, нагласи Апасиев. Тој додаде дека всушност Владата организира отпор кон законитите одлуки и мерки кои се донесени во врска со пандемијата и кои сè уште се на сила.

Според пратеникот, во ситуација на епидемија и кризна состојба примарни прописи се законите и мерките кои го штитат животот и здравјето на граѓаните, права кои се загарантирани во Уставот. Тој го акцентираше и членот 206 од Кривичниот законик, кој во актуелната ситуација претставува лекс специјалис и примарни законски одредби кои мора да се почитуваат.

Во членот 206 од Кривичниот законик, „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, регулиран  во Главата „Кривични дела против здравјето на луѓето“, се пропишува дека:

„Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.“

Значи, според овој член, образложува Апасиев, јас како граѓанин правам кривично дело доколку ги пуштам попишувачите, правам затоа што не ги почитувам одлуките, мерките кои приоритетно важат во време на епидемија. Затоа, правно гледано, до 30 јуни не може да се спроведе легитимен попис.

„Јас ги повикувам да ми го одземат имунитетот и нека ме гонат, ќе се тужиме и ќе видиме кој ќе добие во Стразбур“, истакна Апасиев, споделувајќи ги претходно и искуствата од голем број држави кои го откажале пописот поради здравствено-правни причини.

Владата: Бојкотот на пописот е кривично дело „Организирање отпор“

Прекршочна постапка и казни до 300 евра за оние што ќе одбијат да се попишат, најавуваат од Владата

„Се забранува пиење и јадење за цело времетраење на попишувањето во домот“

Соопштение од Владата за пописот на дијаспората

Левица го оспори Законот за попис пред Уставниот суд

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис

Одредбите од Законот за попис за тоа кои лица ќе се опфатат со пописот

Законот за попис на собраниска седница

Предлог-законот за попис пред Законодавно-правната комисија

Глобите и кривичното дело во Предлог-законот за попис

Предлог-законот за попис со европско знаменце на собраниска седница

И Предлог-законот за попис на дневен ред на Комисијата за европски прашања

Откажана расправата за Предлог-законот за попис пред Комисијата за европски прашања

Презентирани новините во Законот за попис на населението

Утврден текстот на Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите

Објавен текстот на Предлог-законот за попис

Новиот Закон за попис се подготвува во Министерството за правда

М.В