Апел за помош на адвокатот Бојан Манев чија куќа изгоре во пожарот во Велес

„На 20 декември 2019 година, во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: ‘Јован Наумов Алабакот’, целосно е оштетена и куќата со реден број 10, на нашиот колега, адвокат Бојан Манев од Велес, во која живееше со својата мајка Љубица. Огнот ги пеплосал покуќнината, мебелот, техничките апарати и гардеробата. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини, поради што на нашиот колега,  адвокат Бојан Манев и неговото семејство им е потребна помош.

Ве молиме да бидеме хумани и да помогнеме.

Сметка за донации 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Љубица Манева со живеалиште на ул. ‘Јован Наумов Алабакот’, број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лица е 262, со назнака донација.

За граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22“, информираат од Адвокатската комора.