Апелациони судии ќе се обучуваат за надомест на штета и актуелните проблеми околу вештачењето
Среда, 27 февруари 2013 – Судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја денеска ќе присуствуваат на обуката на тема „Надомест на нематеријална штета со фокус на инвалидитет“, што ја организира Академијата за судии и јавни обвинители.
Обука за надомест на нематеријална штета со фокус на инвалидитет денеска ќе се одржи во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители.
Најпрво судијата Лидија Димова од Основен суд Велес ќе зборува за судско – медицинска квалификација на ивалидитетот, имотно – правна заштита од инвалидитетот, критериуми за утврдување степен на ивналидитет, посебно за особено тежок инвалидит. По Димова, за проблеми околу вештачењата односно за законската рамка кои услови треба да ги исполнува вештото лице ќе зборува проф. др. Виктор Камиловски.