/ Прочитано:

1.056

Апелациониот суд го потврди решението на Кривичниот совет за куќниот притвор за Талески

Одбраната на Талески тврдеше дека постои повреда на правото на еднаквост на оружјата бидејќи не им биле доставени никакви докази и дека против градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, се води политичка хајка.

Владимир Талески

Апелациониот суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје ја доставил одлуката за осомничениот В. Т., кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“, со која се потврдува решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје, а со тоа мерката куќен притвор останува за осомничениот, велат од  Судот.

Апелациониот суд одржа јавна седница на која одбраната и СЈО ги презентираа наводите во жалбата и одговорот на жалбата на решението на Кривичниот совет.

Одбраната на Талески тврдеше дека постои повреда на правото на еднаквост на оружјата бидејќи не им биле доставени никакви докази и дека против градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, се води политичка хајка.

Талески и уште 22 лица се осомничени за злоупотреба на 360 илјади евра при незаконско организирање на училишниот превоз во Битола.

М. С.

ЖАЛБА ЗА ПРИТВОРОТ НА ТАЛЕСКИ: Одбраната бара увид во доказите заради еднаквост на оружјата во постапката што ја води СЈО