/ Прочитано:

1.520

Апелациониот суд ја одбил жалбата на СЈО за неизземањето на судијката која постапува во „Трезор“

„Апелациониот суд ги ценел наводите во жалбата на СЈО, но ги одбил како неосновани и утврдил дека претседателот на првостепениот суд правилно постапил кога согласно одредбите од член 33 ст. 2 од ЗКП, со образложено решение, го одбил барањето за изземање на судијката бидејќи не постојат околностите кои предизвикуваат сомнение за непристрасност на судијата за кој се бара изземање“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Зграда на Апелациониот суд во Скопје

Апелациониот суд ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство, поднесена против решението на претседателот на Кривичниот суд со кое не беше прифатено барањето на СЈО за изземање на судијката надлежна да постапува по предлогот на СЈО за определување на мерки на претпазливост против три лица опфатени во предметот „Трезор“.

„Апелациониот суд ги ценел наводите во жалбата на СЈО, но ги одбил како неосновани и утврдил дека претседателот на првостепениот суд правилно постапил кога согласно одредбите од член 33 ст. 2 од ЗКП, со образложено решение, го одбил барањето за изземање на судијката бидејќи не постојат околностите кои предизвикуваат сомнение за непристрасност на судијата за кој се бара изземање“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

СЈО бараше изземање на судијката на претходна постапка бидејќи била во роднински врски со лице кое имало деловни односи со фирмата „Финзи“ која се споменува во предметот „Трезор“ како фирма преку која се набавувала опремата за следење на комуникациите за УБК.

Специјалното јавно обвинителство ја обелодени истрагата за предметот „Трезор“ кон крајот на минатиот месец . Во него се осомничени четири лица, од кои три лица на раководни позиции во УБК и едно лице на раководна позиција во МВР.

Тие се осомничени дека направиле злоупотреба на службената положба и овластување и дека го оштетиле Буџетот на РМ за 862 илјади евра при набавка на опрема за следење на комуникациите.