/ Прочитано:

1.659

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан и одлучи возачот да биде казнет со 2 години казна затвор, како главна казна. Во првостепената постапка обвинетиот возач беше огласен за виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 в врска со став 1 од Кривичниот законик и му беше изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

На ваквата пресуда на првостепениот суд Обвинителството вложи жалба и предложи Апелациониот суд да изрече построг вид и висина на кривична санкција за обвинетото лице, односно казна затвор, како главна казна и забрана за управување со моторно возило од определен вид.

„Гледајќи од аспект на пропустите на обвинетиот во сферата на сообраќајните правила, повредувајќи ги примарните сообраќајни начела за безбедно учество во сообраќајот, како и тежината и степенот на загрозување на правното заштитено добро, изразено преку тешките последици кои резултирале од сообраќајната незгода, јавниот обвинител оцени дека е неминовна потребата на обвинетиот да му се изрече и забрана за управување со моторно возило од определен вид, согласно член 38-в од Кривичниот законик, како споредна казна“, соопштија од Обвинителството.

ОЈО вложи жалба на условната осуда во предметот за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Претставка до Судскиот совет и соопштенија на ЈО и Кривичниот суд за пресудата за сообраќајката кај „Млечен ресторан“

М.В