/ Прочитано:

1.933

Апелациониот суд ја укина пресудата за случајот „Тревник“

Апелациониот суд  ја укина пресудата за случајот „Тревник“. Обвинети во овој случај се Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ. Постапката за предметот беше поведена од страна на Специјалното јавно обвинителство. Обвинителсвото ги гонеше обвинетите за бесправно градење три викендички во Зелениково. Според првостепениот суд, пак, делото за кое беше поведена постапка не било кривично дело според законот. Во таа смисла, судот  посочи на праксата на легализација на дивоградбите како законска можност. Според првостепениот суд, обвинетите започнале со градба на спорните објекти, но подоцна побарале дозволи, па нивните куќи биле легализирани според законската процедура за легализација на бесправно изградени објекти.

Донесена ослободителна пресуда за случајот „Тревник“

М.В