/Прочитано:

755

Апелациониот суд ќе одлучува за жалбата на поранешниот директор на УБК за мерката притвор

Апелациониот суд денеска ќе одлучува за жалбата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор која му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2“.

Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“ поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на 3 години затвор, Мендух Тачи – на 3 години и 2 месеци, Бедредин Ибраими – на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски – 3 години, Сашо Срцев – на 3 години и Елизабета Стефановска – на 3 години затвор. Судот го прифати барањето на СЈО и им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин  Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост.

Пресуда за случајот „Титаник 2“

М.В

Погледнете и ..