/ Прочитано:

1.055

Апелациониот суд: Куќен притвор за Мијалков и Ибраими

„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-13/19, во јавноста познат како „Титаник 2“ , по одржана јавна седница, донесе одлука со која жалбите на обвинетите Б. И., С. М. и А. С., делумно ги уважи.

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема  обвинетиот Б. И. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, односно до започнување со издржување на казната.

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема  обвинетиот С. М. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, а најдолго 60 дена сметано од 08.03.2019 година.

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема  обвинетата А. С. определи мерка на претпазливост – Обврска на обвинетата да се јавува повремено во Основен суд Битола секој работен вторник, со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година.

Жалбите на обвинетите В. С. и С. С., се одбиваат како неосновани.

Вака донесената одлука ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, се вели во соопштението на Апелациониот суд.

Пресуда за случајот „Титаник 2“

М.В