/Прочитано:

1.315

Апелациониот суд Скопје донесе одлуки во врска со предметите „Таргет“ и „Тврдина“

Апелациониот суд Скопје објави соопштение за предметите „Таргет“ и „Тврдина“.

„Апелациониот суд Скопје по одржаните седници на ден 17.7.2017 година донесе одлуки за предметите познати во јавноста како ’Таргет‘ и ’Тврдина‘, со кои за тројца обвинети ја уважи жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, на начин што ги преиначи првостепените решенија и жалбите на Обвинителството ги уважи, а спрема обвинетите Г.Г., Н.Б и Т.Ј. заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка, определи мерка притвор, додека за другите обвинети се потврдија првостепените решенија, со тоа што жалбите на обвинетите, како и на Обвинителството, се одбиени како неосновани“, се вели во соопштението на Апелациониот суд Скопје.