/ Прочитано:

1.472

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите за настаните во Собранието

„Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни и нејавни седници на ден 10.1.2018 година и 11.1.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, и тоа: за обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски и Илија Славевски“, се вели во денешното соопштение на Судот.

М.В