Апелациониот суд за укинувањето на притворот на Божиновски и на Јанакиески
„Апелациониот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на нејавна седница на ден 28.12.2018 година, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Н. Ј. од С., К. Б. од С., З. А. од С. и М. Ј. од С..
Истовремено, со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-852/18 од 28.12.2018 година против обвинетиот Н. Ј. од С. е определена мерка куќен притвор.
Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-864/18 од 28.12.2018 година против обвинетиот К. Б. од С. е определена мерка куќен притвор.
Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-845/18 од 28.12.2018 година против обвинетиот З. А. од С. е определена мерка куќен притвор.
Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-863/18 од 28.12.2018 година против обвинетиот М. Ј. од С. е определена мерка куќен притвор.
Воедно, со горенаведените решенија спрема обвинетите е изречена и мерка на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Вака донесените одлуки ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, се вели во соопштението на Апелациониот суд во врска со укинувањето на притворот на Кирил Божиновски и на Миле Јанакиески.
Апелациониот суд: Потврдени решенијата на Кривичниот суд за притворот на Јанакиески и Божиновски