/ Прочитано:

1.304

Апликациите на кандидатите за јавен обвинител доставени до Советот на јавни обвинители

Владата на Република Македонија денеска ги достави апликациите на кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавните обвинители. На огласот за државен јавен обвинител, пријавени се 23 кандидати. Советот на јавните обвинители, по барање на Владата, во рок од 15 дена треба да достави позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите во согласност со законот.

Владата потоа до Собранието ќе достави предлог за именување на јавен обвинител од пријавените кандидати, за кои Советот дал позитивно мислење. Во случај Советот на јавните обвинители, во рок од 15 дена, да не даде мислење за предложените кандидати, ќе течат нови 15 дена. Доколку и тогаш не се изјасни, тогаш се смета дека мислењето на Советот е позитивно.

Доколку Советот за ниту еден од кандидатите не даде позитивно мислење, тогаш Владата може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.

M.В