Апсење на македонско-српската граница под сомнение за трговија со луѓе
Петок, 10 мај 2013 – Дваесетина лица се уапсени вчера, во голема акција која се одвивала на двете страни од македонско-српската граница. Се сомничат за трговија со луѓе и шверц на цигари, извести РТС.
Во акцијата на Управата за криминалистичка полиција на Белград учествувала и македонската и српската гранична полиција при што се уапсени жители од кумановско Лојане, но и граѓани од Прешево и Врање. Меѓу уапсените има полицајци и цариници.
Според полициската администрацијата во Врање, последната година се уапсени 6.000 илегални мигранти од Авганистан, Блискиот Исток и Северна Африка, кои преку Македонија и Србија илегално заминувале во земјите од Европската Унија.