Апсења низ Србија поради измами со нафта
Четврток, 7 јануари 2013 – Додека во Македонија се очекува стартот на судењето за случајот „Керозин“, слична акција и во соседството. Имено, во голема акција која ја спроведува нишката полиција на подрачјето на осум градови ширум Србија уапсени се 9 лица осомничени за измами поврзани со трговија на нафта и нафтени деривати, но и за злоупотреба на службената положба, даночно затајување и фалсификување официјални документи.
Како што јавуваат српските медиуми, уапсени се лица од Ниш, Шид, Параќин, Белград, Обреновац, околината на Лесковац, Свилајнац и Бабушница. Уапсените кои се директори и вработени во повеќе фирми во периодот од 1 август 2011 година до 31 мај 2012 наместо евро дизел и дизел Д2 продавале нафта за домаќинство. На овој начин тие избегнале плаќање на акциза и затаиле данок при што се стекнале се со имотна корист од околу 7 милиони евра, соопшти нишката полиција.