/ Прочитано:

988

Арбитражата недоволно искористена од малите и средните компании

Арбитражата е еден од најдобрите и најбрзи начини за решавање на стопанските спорови, но за разлика од користењето на арбитражата во светски рамки, кај нас сè уште е мал бројот на решени спорови по пат на арбитража, кои произлегуваат од деловни односи помеѓу компаниите, но и институциите, истакна потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Александар Милошевски, на денешната прес-конференција.

„Деловната заедница е динамична и му е потребен соодветен механизам за решавање на споровите и побрза наплата на своите побарувања во пократок рок, со помали трошоци.  Ефикасноста во решавањето на предметите на странките по пат на арбитража им овозможува заштеда на трошоци, заштеда на време и поголема сигурност во постапката. Брзината е една од најголемите предности на арбитражата, споровите се решаваат вообичаено во рок од 3 до 9 месеци, при што се избегнуваат сите непотребни формалности и долгите судски спорови. Предност исто така е што арбитражата е конечна, без можност за жалба, се гарантира повеќе автономија на страните и секако, повеќе автономија во предметите од меѓународен карактер што се изразува преку изборот на апликативното право и процедуралните правила. Квалитетната арбитражна постапка е од голема важност за сигурноста на сите инвеститори во нашата земја“, истакна Милошевски.

Тој додаде дека во последните години, расте трендот на компаниите при склучување на договорите да вметнуваат клаузула за решавање на деловните спорови по пат на арбитража, како алтернатива за спогодбено надминување на спорот, но недоволно. Во таа насока, потребна е поголема афирмација на арбитражната постапка како на приватниот сектор, така и во договорите со јавниот сектор, особено при склучување на јавно-приватно партнерство каде што е предвидено и користење на арбитража со посочување по кое право ќе се одлучува.

„Позитивно е тоа што во последните години се зголемува свеста за договор на странките за користење на арбитражата, особено кога станува збор за договори на домашни и странски големи компании, како и при договори на јавно-приватно партнерство, но евидентирано е дека малите и средните компании недоволно ја користат арбитражата. За таа цел, неопходна е афирмација за користење на арбитражата на сите нивоа и меѓу компании и институции за спорови за кои нема предвидено исклучителна судска надлежност. Предноста е тоа што и двете странки можат да изберат експерти кои ќе работат на спорот и со тоа ќе ги избегнат долгите спорови пред националните судови. Во светот 80 проценти од стопанските спорови се решаваат по пат на арбитража, а во САД и до 90 проценти од споровите завршуваат на арбитража“, појасни Милошевски.

Сојузот на стопански комори смета дека е неопходно актуализирање на арбитражното решавање спорови, дополнително и во соработката на компаниите со државните институции, општините, како и при работа на тендерски постапки. Во рамки на Сојузот, како институција чијашто примарна улога е да ги застапува и да ги заштити интересите на компаниите членови, постои Постојан избран суд – Арбитража на истакнати арбитри, професори, експерти, академици од областа кои учествуваат во решавањето на споровите.

Преку унапредување на арбитражното право до подобро деловно опкружување

Светските трендови покажуваат дека арбитражата сè уште има неприкосновено место кај бизнис-заедницата

Компаниите недоволно ја користат арбитражата

Координативно тело ќе ги следи арбитражните постапки произлезени од меѓународни договори

Во светот дури 80% од стопанските спорови се решаваат по пат на арбитража

„Арбитражата во корист на бизнис заедницата“ – Меѓународна конференција во Софија

Книгата „Меѓународно арбитражно право“ на проф. д-р Тони Дескоски – прв учебник по меѓународно арбитражно право и корисно четиво за правните практичари

„Правните субјекти сакаат олеснето работење, а токму тоа им го нуди меѓународната арбитража“ – Зоран Андоновски, адвокат и судија во Меѓународниот арбитражен суд во Софија

Советите на правните застапници се клучни при алтернативното решавање на трговските спорови

АЛТЕРНАТИВНИТЕ ВОНСУДСКИ ПОСТАПКИ И ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДА: Европскиот парламент и Советот на ЕУ за медијацијата во граѓанските и трговските спорови

„Подготвуваме арбитражна судница. Времето на арбитражата допрва доаѓа“ – велат од Постојаниот избран суд ­Арбитража

Правната култура и довербата се клучни за арбитражното решавање на споровите

„ПРВО АНАЛИЗА, ПОТОА ИНВЕСТИЦИЈА“ – Адвокатот Филип Пенсол за правните ризици низ призмата на договорното и арбитражно право

ИНТЕРВЈУ СО НАЈДОБРИОТ ФРАНЦУСКИ АДВОКАТ ЗА АРБИТРАЖИ: Филип Пенсол, овогодишен предавач на Конференцијата на Академик

„И адвокатите имаат интерес од арбитражата не само како застапници туку и како арбитри“ — проф. д–р МИХАЈЛО ДИКА

АРБИТРАЖАТА Е ОДЛИКА НА ПРАВНАТА КУЛТУРА: На бизнис-секторот му е потребен брз механизам за решавање на споровите

Арбитражите во регионот ќе бидат конкурентни во однос на судовите – само со меѓусебна соработка и форсирање на знаење

М.В