Aризона: Предложено законско решение за да го регулира начинот на кој транссексуалните ќе користат јавен тоалет
Четврток, 21 март 2013 – Во законодавниот дом на американската сојузна држава Аризона се дебатира за чудно предложено законско решение. Парламентарците треба да одлучат дали да се забрани влез во јавен тоалет, тушеви или соблекувална на транссексуалните кои иако се чувствуваат како дел од понежниот пол, сепак според лична карта се всушност мажи.
Предложеното законско решение на парламентарецот Џон Каванаг се смета за одговор на Законот против дискриминација што во Феникс поминал минатата седмица, а според кој на транссексуалните им се дозволува по своја волја да влезат во машки или женски тоалет.
„Неприфатливо е маж кој себе си се смета за жена, да влегува во женски тоалет. Ако си машко, треба да користиш машки тоалет“, образложил пратеникот Џон Каванаг.
Ако помине предложеното законско решение користење на „погрешниот“ тоалет прекршителот ќе го чини до 2.500 долари. Активистите кои се борат за правата на ЛГБТ заедницата во Аризона преложеното законско решение го нарекле „одвратен напад врз приватноста“. Според нив, ова законско решение ќе ги направи криминалци и жените што претрчуваат до машките тоалети само за да ја избегнат вообичаената долга редица пред женските тоалети.