/ Прочитано:

1.533

АСЈО „Павел Шатев“ објавува пoвик за aпликации за двонеделна размена во организација на Европската мрежа за обуки во правосудството 

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ објавува пoвик за aпликации за двонеделна размена во организација на Европската мрежа за обуки во правосудството.

Европската мрежа за обуки во правосудството е главната платформа и промотор за обука и размена на знаења за европското судство. Таа ги претставува интересите на повеќе од 120.000 европски судии, обвинители и судски тренери ширум Европа.

Мрежата е формирана во 2000 година, а областите на интерес вклучуваат: граѓанско, кривично и трговско право на ЕУ, како и обука за лингвистиката и општествените прашања. Нејзината визијата е да помогне да се поттикне заедничка правна и судска европска култура.

Европската мрежа за обуки во правосудството развива стандарди за обука и наставни програми, ги координира разменувањата и програмите за обука на судството, дистрибуира експертиза за обука и промовира соработка помеѓу институциите за обука на судството на ЕУ.

Целосните информации за повикот може да се погледнат на следниот линк.