/ Прочитано:

2.074

Ацо Колевски е новиот претседател на Советот на јавните обвинители

Советот на јавните обвинители го избра Ацо Колевски за нов претседател на Советот на јавни обвинители. Ацо Колевски за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје е избран во 1997 година.  Во 2008 година е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, а во 2012 година е избран за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Во биографијата на Колевски се наведува дека од 16.2.2018 ја извршува функцијата член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија избран од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавно обвинителство на Република Македонија.

Ацо Колевски за претседател на Советот доаѓа на местото на Коле Штерјев.

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија е самостоен орган кој ја обезбедува и ја гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршувањето на нивната функција. Со него раководи претседателот на Советот, кој исто така го претставува овој орган.

М.В