/ Прочитано:

1.765

АВМУ: Вечерва на полноќ започнува изборниот молк

„Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк ќе се смета емитување какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци што го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта“, нагласува АВМУ во своето соопштение.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) соопшти дека вечерва на полноќ завршува изборната кампања за првиот круг од локалните избори и почнува изборниот молк. АВМУ појаснува дека може да се известува за изборите и текот на гласањето, но дека престануваат сите облици на изборно медиумско претставување.

„Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк ќе се смета емитување какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци што го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта“, нагласува АВМУ во своето соопштение.

Агенцијата ги потсетува радиодифузерите дека треба да ја приспособат својата програма веднаш со започнувањето на изборниот молк за да избегнат какво било прекршување на изборниот молк, затоа што, како што посочуваат, во согласност со Изборниот законик, единствена мерка е покренување прекршочна постапка пред надлежен суд.

АВМУ нагласува дека изборниот молк трае до 19 часот на денот на изборите, 15 октомври.

А. Б.