/Прочитано:

1.579

Австралија: На правниците им е потребна поголема свест за економијата и антимонополството

Центарот за пазарен дизајн при Универзитетот во Мелбурн, во соработка со Глобалниот институт за монопол од Универзитетот „Џорџ Мејсон“, минатиот месец спроведе програма за едуцирање на правниците практичари во азиско-пацифичкиот регион. Програмата ги опфати економските принципи кои постојат во законодавството како што се конкуренцијата и конкурентното право, како и заштитата на правата на потрошувачите.

Универзитетите во Австралија и САД ги здружија силите за да ги воведат правниците во областа на законите со кои се уредува конкуренцијата. Центарот за пазарен дизајн при Универзитетот во Мелбурн, во соработка со Глобалниот институт за монопол од Универзитетот „Џорџ Мејсон“, минатиот месец спроведе програма за едуцирање на правниците практичари во азиско-пацифичкиот регион. Програмата ги опфати економските принципи кои постојат во законодавството како што се конкуренцијата и конкурентното право, како и заштитата на правата на потрошувачите.

Курсот за едукација траеше една седмица и на него учествуваа 35 судии, како и правници што се занимаваат со антимонополски прашања. Правниот факултет на Универзитетот во Мелбурн, исто така, се фокусираше на прашањата за антиконкурентното однесување, како што е одредувањето на цените, а главното предавање го одржа судијата на Апелацискиот суд на дистриктот Колумбија, Даглас Гинсбург, кој ја извршува функцијата од 1986 година.

Директорот на Центарот за пазарен дизајн, Сајмон Лертшер, изјави дека поттикот за овој проект произлегол од немањето економска свест во правната професија. Според него, Организаторите претпоставиле дека многу малку адвокати поседуваат знаење од оваа област. И затоа законодавците во Австралија треба да бидат свесни при пишувањето на законите со оглед на нерамноправноста на страните во тие процеси. Во Азија на пример, вели Лертшер, се смета дека законите треба да ја промовираат фер конкуренцијата, но откако ќе се дефинира што претставува поимот „фер“.

Сите тие нејаснотии може да предизвикаат проблеми за судиите понатаму, а целта на овој курс е да се создаде свест за овие прашања и да се најде полесен начин за нивно решавање. Правниците практичари, судиите, адвокатите при соочувањето со овие прашања треба да се консултираат со професионалци кои се занимаваат со овие работи онака како што сториле главните економисти во САД кога владееше светската економска криза.

С. М.