Балканскиот нарко-бос Кељменди пуштен од притвор, па уапсен од Еулекс
Среда, 8 мај 2013 – Балканскиот нарко-бос Насер Кељменди кој во неделата, на 5 мај беше уапсен од косовската полиција и пуштен по 48-часовен притвор, повторно е уапсен, овој пат од Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (Еулекс).
Кељменди е уапсен во вторникот вечерта врз основа на налог што го издаде обвинител на Еулекс од Канцеларијата на Специјалното обвинителство на Косова (СТК), се наведува во соооштението на Еулекс.
Акцијата на апсење е изведена во координација меѓу домашните и обвинителите на Еулекс.
Осомничениот е под истрага и за кривични дела од организираниот криминал, се додава во соопштението. Босна и Херцеговина По Кељменди има распишано меѓународна потерница, а се наоѓа и на црната листа на Стејт департментот, како еден од најголемите нарко-босови кој претставува закана за САД
Со ова апсење е обезбедено предметот Кељменди директно да го преземе меѓународниот обвинител на Еулекс, кој ќе спроведе постапка за предавање пред косовските судови. На овој начин е обезбедена можноста од директно вклучување на судии и обвинители на Еулекс во оваа постапка.
Со Уставот на Косово е регулирано државјанин на Косово да не може да се екстрадира на друга држава заради кривични дела извршени во оваа држава. Иако Косово, според мислење на правните стручњаци, ги има сите неопходни правни акти што го регулираат прашањето на екстрадицијата, заради непризнавањето на Косово од Босна и Херцеговина и фактот да не постои спогодба за правна соработка меѓу БиХ и Косово се очекува во овој случај да се примени Европската конвенција за екстрадиција.
Уште никој официјално не може да потврди дали Кељменди има косовско државјанство, иако тој денеска на членовите на Одборот за заштита на човековите права и слободи, кои го посетиле во притворот, им кажал дека е државјанин на Косово.
Постапката на екстрадиција треба да се изведе пред косовските судови по барањето за екстрадиција кое, како што се очекува, БиХ ќе го достави преку Еулекс.
Последниот збор за екстрадицијата на Келменди, по завршувањето на судските постапки, ќе треба да го има косовскиот министер за правда.