Банкарите бараат предложените даночни измени да се одложат до влезот на Македонија во ЕУ
Македонската банкарска асоцијација ги разгледа предложените законски измени кои се однесуваат на оданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните.
Ставот на Македонската банкарска асоцијација е дека нивната примена треба да се одложи до влез на нашата земја во Европската Унија со цел да се задржи позитивниот тренд на штедењето, да се обезбеди свеж капитал за стопанството, како и да се одржи стабилноста на банкарскиот сектор.
„Во однос на прогресивното оданочување, цениме дека е потребна поширока расправа заради унапредување на предлогот со вклучување на позитивни искуства од земјите каде што веќе е во примена. Македонската банкарска асоцијација ќе побара средба со Министерството за финансии за подетално да ги презентира овие ставови“, велат од Македонската банкарска асоцијација.
Заклучоци на Стопанската комора на Македонија во врска со предложената даночна реформа
Коментар на „ЦИВИТАКС“ за предложената даночна реформа
Примања на кои не се плаќа данок на доход според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход
Видови доход кои се предмет на оданочување според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход
Целосен текст на новиот Предлог-закон за данокот на личен доход
Министерството за финансии објави анализа за даночната реформа
Компаниите го поздравуваат одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување
Даночната политика во фокусот на Роуд-шоуто на слободниот пазар
„Фајнанс тинк“ за буџетските ефекти од потенцијален прогресивен данок на доход
Трибина за данокот и за заштитата на правата на даночните обврзници
М.В