/ Прочитано:

915

„Барам почитување на ЗКП“ – адвокатот Даути реагира на соопштението на Обвинителството

„Институцијата Јавно Обвинителство неможе да знае за постапките на Бурим Рустеми и јас никогаш не сум кажал дека Обвинителството влијае, туку дека Бурим тврди дека е договорен со судот. Предметот никогаш не бил во фаза на завршни зборови,ва тоа лесно може да се провери од записниците од судските рочишта. Причината зошто судењето почнало одново не е по вина на одбраната и кога судењето почнува одново мора да се почитуваат одредбите од ЗКП. Крајно тенденциозно е тврдењето дека на судењата јас не зборувам на албански јазик, што е тотална невистина и тоа може лесно да се утврди преку тонските снимки од самите рочишта. Одговорно тврдам дека ниту еден доказ, ниту записник не ми е даден на Албански јазик, за што има потврда од Судскиот совет, кој констатира прекршување на законот за употреба на јазиците. Во оваа прилика би сакал да апелирам до Јавното обвинителство доколку обезбедило превод на доказите истите да ми ги достави и доколку сакаат да ја потврдат својата теза нека ги презентираат преведени до целокупната македонска јавност. Јас не барам одолговлекување на судската постапката, туку почитување на ЗКП“,  се наведува во демантот на адвокатот Мерџан Даути по повод реакцијата на Јавното обвинителство за случајот „ТНТ“.

Соопштение на Обвинителството за предметот „ТНТ“

Даути до Џолев: Имате сила и нè казнувате, но стапот има два краја

Страшевски со ново соопштение: Нема да отстапам од правото и законите, сценаријата на судот се јасни

Адвокатската комора за известувањето на Кривичниот суд за годишниот одмор на адвокатот Страшевски

Соопштенија на адвокатот Страшевски и на Кривичниот суд во врска со судијата поротник

Здружението на судии: Ги осудуваме сите видови на напади врз независноста на судството

Соопштение на Судскиот совет во врска со изјавите на адвокат во предметот „ТНТ“

Соопштение на Кривичниот суд во врска изјавите на адвокатите во предметот „ТНТ“

Отворено писмо на адвокатот Мерџан Даути во врска со предметот „ТНТ“

 Адвокатот Мерџан Даути со соопштение до јавноста за повредите на принципот на владеење на правото

Довербата меѓу адвокатот и странката – клучна максима во остварувањето на правата

АДВОКАТИТЕ И НОТАРИТЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ: Јавна расправа за Законот за нотаријатот

М.В