/ Прочитано:

1.023

Барањата на парламентарната иницијатива за една изборна единица

Парламентарната иницијативата за една изборна единица организираше тркалезна маса на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи“. Иницијаторите на тркалезната маса се договорија да преземат повеќе активности во врска со нивните барања за една изборна единица и отворени листи. Иницијаторите бараат:

Вклучување во преговорите за измена на Изборниот законик;

Да се промени изборниот модел во една изборна единица за парламентарните избори;

Да се промени изборниот модел со отворени листи и еднаков број жени и мажи на нив за локалните избори;

Да се подготват и да се поднесат измени на Изборниот законик во Собранието;

Да не се гласа за Изборниот законик ако не ги содржи бараните измени.

Cо Изборниот законик се уредуваат начинот, условите и постапката за избор на претседател на Република Македонија, за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, за членови на советите на општините и Советот на Градот Скопје и за избор на градоначалник на општина и градоначалник на Градот Скопје.

Со Изборниот законик се уредуваат и начинот и постапката на евидентирање на избирачкото право, водење на Избирачкиот список, определување на границите на изборните единици и утврдувањето, менувањето и објавувањето на избирачките места, како и условите за функционирање на избирачките места.