/ Прочитано:

1.807

Барање за автентично толкување: Дали Државниот правобранител е овластен да ја застапува НБРМ пред Вишиот управен суд?

Пратеничката Кети Смилеска бара Собранието да даде автентично толкување на членот 42а став 2 од Законот за управните спорови за тоа дали Државниот правобранител е овластен да ја застапува Народната банка на Република Македонија пред Вишиот управен суд како второстепен суд.

„Против одлуките на Управниот суд странките можат да изјават жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на одлуката преку Управниот суд до Вишиот управен суд.

Против одлука на Управниот суд, органот чиј акт бил предмет на управниот спор може да поднесе жалба преку Државниот правобранител на Република Македонија.

Вишиот управен суд одлучува по жалба во совет од тројца судии“, гласи членот 42-а од Законот за управните спорови.

Од Владата на РМ се на  мислење дека Народната банка на Република Македонија не е орган на кој упатува Законот за организација и работа на органите на државна управа и според тоа Државниот правобранител не е овластен да ја  застапува Народната банка на Република Македонија.

Оттука, Владата му предлага на  на Собранието да не дава автентично толкување бидејќи одредбата е јасна и прецизна.

М.В